/  Bookbox

Подароци за љубители на интерпункција (или начин некого да потсетите да ја користи)

  Чаши со извичник, амперсанд, астерикс и извичник За кога после едно и повеќе пива ќе се чувствувате возбудено, интроспективно, дополнително, инклузивно и – уште жедно. Даската која ви фалеше Перници со букви ко за Скребл, 55 долари (може да си направите и свои на кирилица со традиционален вез, кои ќе формираат „остај ме да спијам”) […]

 

Чаши со извичник, амперсанд, астерикс и извичник

За кога после едно и повеќе пива ќе се чувствувате возбудено, интроспективно, дополнително, инклузивно и – уште жедно.

Даската која ви фалеше

Перници со букви ко за Скребл, 55 долари

(може да си направите и свои на кирилица со традиционален вез, кои ќе формираат „остај ме да спијам”)

Држачи за книги од дрво, 24.99 долари

Истите оние знаци кои помагаат јазикот да биде структуриран ги држат и книгите на едно место

Навлака за Iphone5, 85 долари

Лорем ипсум ланче, 22 долари
Заборавете ги сите тие цветчиња, срциња и иницијали, ова е вистинското ланче за љубител на фина типографија. Го означува оној текст на латински кој се става за да се демонстрираат графичките елементи на некој документ, а вообичаено се зема од дело на Цицерон, со заменети, додадени или отстранети зборови за да изгледа како неразбирлив латински.

„Воздушни” наводници, 5 долари
Ова е нашиот фаворит – место без врска да мафтате во воздух секогаш кога сакате да цитирате некого или нешто, само ги кревате рацете и та-на! Плус делувате како и самите да сте цитат, на самите себе. Лажни тетоважи кои излегуваат за 2-4 дена.

Апресанд алка– Идеален подарок за годишнина од брак

Прстен-прашалник, 2,650 долари

За дами со стил кои постојано се прашуваат за смислата на животот.

Извор: Ментал Флос

Речник

Најчитани

Подароци за љубители на интерпункција (или начин некого да потсетите да ја користи)

  Чаши со извичник, амперсанд, астерикс и извичник За кога после едно и повеќе пива ќе се чувствувате возбудено, интроспективно, дополнително, инклузивно и – уште жедно. Даската која ви фалеше Перници со букви ко за...