/  Bookbox  /  Bookbox статија

Познати „трупачи“ на книги

Колумнистка на сајтот LitHub соочена со сопственото трупање книги, одлучила да испита кои славни личности ги имаат најголемите лични библиотеки. Еве некои од нив: Карл Лагерфелд: 300.000 книги (горе) Во тек на мастер-клас на Меѓународниот фестивал на мода и фотографија во 201 Лагерфелд објаснил: „Денес собирам исклучиво книги; нема место за ништо друго. Ако дојдете […]

Колумнистка на сајтот LitHub соочена со сопственото трупање книги, одлучила да испита кои славни личности ги имаат најголемите лични библиотеки. Еве некои од нив:

Карл Лагерфелд: 300.000 книги (горе)

Во тек на мастер-клас на Меѓународниот фестивал на мода и фотографија во 201 Лагерфелд објаснил: „Денес собирам исклучиво книги; нема место за ништо друго. Ако дојдете кај мене дома ќе мора да заобиколувате купишта книги. Сега имам 300.000. Тоа е многу за поединец“.

Неговата збирка вклучува книги на француски, англиски и германски, а за да се направи простор за сите нив Лагерфелд ги реди книги хоризонтално, така што до некои од нив е речиси невозможно да се стигне без големо прередување.

Умберто Еко: 30.000 книги

The YouTube ID of Czc_KjWji8E width:665 is invalid.

Џорџ Лукас: 27.000 книги

Во 1978 Џорџ Лукас ја основа истражувачката библиотека Лукасфилм, првин лоцирана во неговата канцеларија во ЛА, но подоцна преселена во главниот објект на ранчот Скајвокер. Покрај 27.000-те книги, збирката вклучува над 17.000 филмови, фотографии, списанија и извадоци од печатот. Оваа библиотека не е отворена за јавноста, но вработените, како и посебни гости од типот на Клинт Иствуд или Стив Мартинг можат да се служат со неа.

Мајкл Џексон: 10.000 книги

Кралот на попот бил и крал на книгите. Во текот на животот бил редовен муштерија во локалните книжарници во Лос Анѓелес. Според вработените во нив, долго се задржувал кај поезијата, а омилен му бил Емерсон. На ранчот Неверленд имал 10.000 книги, во нив обележувачи до каде стигнал со читањето и белешки напишани на рака. За некој кој бил самоук тој имал добри познавања од книжевноста и обожувал да чита.

Ернест Хемингвеј: 9.000 книги

Малку затоа што сакал да ги купува, повеќе затоа што ги добивал по различни канали, годишно Хемингвеј додавал во својата библиотека по 150-200 книги. До моментот на неговата смрт во куќата во Финка Виџија на Куба имало 9000 книги, не сметајќи ги оние кои ги оставил на Ки Вест (од таму се доселил со 800 книги и стигнал до 9 илјади).

Томас Џеферсон: 6.487 книги

„Не можам да живеам без книги“, е една од познатите изреки на Џеферсон. Според Конгресната библиотека, кога Британците го запалиле главниот град во 1814, Џеферсон веќе ја имал направено најголемата лична библиотека во САД, која ја продал на Конгресот за 23.950 долари. Потоа почнал повторно да собира книги (а оваа втора збирка ја продал за да си ги плати долговите во 1829).

Хари Худини: 5.000 и повеќе книги

Кога умрел, Худини ја оставил својата приватна збирка – книги за магија, театар и спиритуализам, на Конгресната библиотека. Неколку извори велат дека во тоа време тој ја имал најголемата збирка книги за магија во светот. Достапни се за пребарување тука

Хана Арент: 4.000 книги

Збирката на Арент на Колеџот Бард освен 4.000-те книги вклучува дури 900 во кои таа има оставено свои ракописни белешки. Поголемиот дел од библиотеката бил сместен во нејзиниот стан во Њујорк, каде живеела до смртта во 1975. Бројката од 4000 е честа кај познатите личности – толку книги имала и, на пример, Вирџинија Вулф.

Речник

Најчитани

Познати „трупачи“ на книги

Колумнистка на сајтот LitHub соочена со сопственото трупање книги, одлучила да испита кои славни личности ги имаат најголемите лични библиотеки. Еве некои од нив: Карл Лагерфелд: 300.000 книги (горе) Во тек на мастер-клас на...