Програмерите на срушените авиони, Боинг ги плаќал 9 долари на час

Софтверот на Боинговиот 737 Макс е полн со проблеми кои авионите од оваа серија уште долго ќе ги држат приземјени бидејќи американските регулатори оваа недела открија нова грешка. Искусните инженери на компанијата велат дека изворот на проблемите лежи во фактот  што софтверот за Максот бил развиван и тестиран во време кога фирмата правела сè во […]

Софтверот на Боинговиот 737 Макс е полн со проблеми кои авионите од оваа серија уште долго ќе ги држат приземјени бидејќи американските регулатори оваа недела открија нова грешка.

Искусните инженери на компанијата велат дека изворот на проблемите лежи во фактот  што софтверот за Максот бил развиван и тестиран во време кога фирмата правела сè во обид да ги намали трошоците. Боинг и неговите изведувачи почнале да се потпираат на привремено вработени програмери кои биле плаќани и по само 9 долари на час, често од земји кои немаат подлабок бекграунд во авио-сообраќајот, најчесто од Индија.

Тазе дипломирани програмери, преземени од една индиска софтверска компанија (Хиндустан компјутерс) ги запоседнале просториите на Боинговиот аеродром во Сиетл и почнале да штракаат кодови. Работеле по спецификации но поискусните програмери велат дека ќе било многу поефикасно доколку кодовите биле автентично напишани.

„Многу време изгубивме во тоа напред-назад бидејќи кодот никогаш не беше прописно поставен,“ вели сениор програмер кој сведочи дека од менаџментот им било соопштено дека тие нема да бидат неопходни бидејќи се работи за „зрел продукт“ (Боинг почна да го прави 737 Макс пред осум години, како одговор на ривалскиот Ербас СЕ авион).

Но, ангажирањето индиски фирми носи други бенефити за Боинг. Последниве години имаат примено нарачки од индиската воена и комерцијална авијација вредни 22 милијарди долари. 

Американските регулатори деновиве обелоденија дека проблемите со софтверот на 737 одат подлабоко од првичните анализи. Откриено било дека кога е преплавен со податоци, чипот не успева навреме да одговори на ургентни ситуации.

За пет месеци, паднаа два авиони од овој модел. Еден 737 Макс (на Лајон Ер) се сруши лани во октомври а другиот (на Етиопија Ерлајнс) падна во март годинава. Во обата случаи софтверот погрешно го водел носот на авионот а пилотите не успевале мануелно да ја корегираат позицијата.

Вкупниот биланс на штедливоста на Боинг изнесува 346 човечки животи. 

 

Речник

Најчитани

Програмерите на срушените авиони, Боинг ги плаќал 9 долари на час

Софтверот на Боинговиот 737 Макс е полн со проблеми кои авионите од оваа серија уште долго ќе ги држат приземјени бидејќи американските регулатори оваа недела открија нова грешка. Искусните инженери на компанијата велат дека...