/  Offside  /  Фудбал

Ресторанот на Меси во Росарио бесплатно храни бездомници

Ресторанот VIP во родниот град на Меси, Росарио, од минатиот петок нуди бесплатен топол оброк и пијалаци за сите бездомници и социјални случаеви кои се најпогодени од економската криза во земјата. Во последните неколку години, ситуациајта во аргентинската економија е катастрофална, а според податоците на Националниот Институт за статистики и цензуси, секое трето дете во […]

Ресторанот VIP во родниот град на Меси, Росарио, од минатиот петок нуди бесплатен топол оброк и пијалаци за сите бездомници и социјални случаеви кои се најпогодени од економската криза во земјата.

Во последните неколку години, ситуациајта во аргентинската економија е катастрофална, а според податоците на Националниот Институт за статистики и цензуси, секое трето дете во Аргентина денес живее во тешка сиромаштија, а 34,6% од возрасните од 30 до 64 години живеат на границата на сиромаштија и беда.

„Подготвивме и кафе, безалкохолни пијалаци и малку овошно вино. Дојдоа многу посетители кои беа многу почестени и благодарни“, рекла менаџерката на ресторанот Ариел Алмада.

Акцијата трае 15 дена: секоја вечер од 19:00 до 21:00.

Инако семејството на Меси владее со овој ресторан VIP во Росарио од 2009 година, а според официјалните документи, главен сопственик е Хорхе Меси, таткото на Лионел. Во ресторанот има аргентинска и европска кујна.

Во 2016 година Меси отворил и втор ресторан – Bellavista del Jardin del Norte во Барселона, а бизнисот со овој ресторан го води неговиот постар брат Родриго.

Речник

Најчитани

Ресторанот на Меси во Росарио бесплатно храни бездомници

Ресторанот VIP во родниот град на Меси, Росарио, од минатиот петок нуди бесплатен топол оброк и пијалаци за сите бездомници и социјални случаеви кои се најпогодени од економската криза во земјата. Во последните неколку...