Руските попови ќе престанат да благословуваат оружје за масовно уништување

Православни попови во помали земји знаат да благословуваат коли, лифтови и гранапчиња а некаде и телевизиски програми и рејтинзи (види: „Господ понекогаш е оправдано отсутен’) . Но затоа руски попови, особено откако земјата ја расипа калимерата со Запад по заземањет/враќањето на Крим, имаат благословувано ракетни системи С-400, нуклеарни подморници, тенкови и борбени авиони.  Еден поп […]

Православни попови во помали земји знаат да благословуваат коли, лифтови и гранапчиња а некаде и телевизиски програми и рејтинзи (види: „Господ понекогаш е оправдано отсутен’) .

Но затоа руски попови, особено откако земјата ја расипа калимерата со Запад по заземањет/враќањето на Крим, имаат благословувано ракетни системи С-400, нуклеарни подморници, тенкови и борбени авиони.  Еден поп од истокот на земјата има кажано дека на таквото оружје се гледа како на „оружје за масовна заштита и спасение“.

Можно е да престанат со таквата пракса откако така препорача комитетот за еклизиастика (црковно право) на Руската православна црква давајќи насока свештенството да се фокусира на човечкиот фактор а не на оружјето.

„Војник чија задача е да ја брани татковината треба да биде благословен. На крајот на тој ритуал, благословено е и оружјето кое го носи, точно поради фактот што е поврзано со човекот кој бива благословен. Од истите причини, оружје за масовно уништување не треба да добива благослов,“ објаснува владиката на московската патријаршија, Сава Тутунов.

Решението на комитетот треба да биде аминуван од патријархот Кирил но не сите кругови се согласуваат со ваквата рестрикција, Меѓу нив и влијателниот Всеволод Чаплин, поранешен портпарол на Кирил кој смета дека нуклеарното оружје на Русија е нејзин ангел чувар, неопходен за заштита на православната цивилизација.

„Само нуклеарното оружје ја штити Русија од поробување од Запад,“ цени Чаплин.

Руската црква прави голем соборен храм за војската во близина на Москва чии скали ќе бидат изработени од стопено железо од запленети нацистички тенкови а нуклеарните сили на руската војска имаат и свој посебен светец заштитник.

Тоа е Свети Серафим чии мошти беа откриени во 1991 година во едно село  во чија близина се наоѓаат значајни нуклеарни капацитети од советското време. Серафим за светец  го признава и Ватикан а неговата најпозната изрека баш и не е компатибилна со мисијата на нуклеарното оружје:

„Постигни мирен дух и илјадници околу тебе ќе бидат спасени.“

*********

Нам ни е најважно сред ваквите рестрикции во РПЦ, Кирил да ја задржи својата ви-фи антена:

YouTube Embed: No video/playlist ID has been supplied

0de73HkjRac]

Речник

Најчитани

Руските попови ќе престанат да благословуваат оружје за масовно уништување

Православни попови во помали земји знаат да благословуваат коли, лифтови и гранапчиња а некаде и телевизиски програми и рејтинзи (види: „Господ понекогаш е оправдано отсутен’) . Но затоа руски попови, особено откако земјата ја...