/  Bookbox  /  Bookbox статија

Сексот во литературата во последните 200 години

На официјалниот сајт на проектот, 200 години секс во англиската литература, се објаснува методологијата според која е вршено истражувањето. Одбрани се 15 зборови поврзани со секс (самиот збор „секс”, еротика, пенис, геј, порнографија и др.), а потоа е лоцирано нивното присуство во Корпусот на историскиот американски англиски (Corpus of Historical American English). Тоа е база […]

На официјалниот сајт на проектот, 200 години секс во англиската литература, се објаснува методологијата според која е вршено истражувањето. Одбрани се 15 зборови поврзани со секс (самиот збор „секс”, еротика, пенис, геј, порнографија и др.), а потоа е лоцирано нивното присуство во Корпусот на историскиот американски англиски (Corpus of Historical American English). Тоа е база на податоци која содржи повеќе од 400 милиони зборови изрази и граматички конструкции регистрирани од 1810 до 2009, преземени од 100,000 дела од белетристиката и стручната литература.

Базата може да се пребарува на различни начини, на пример да се види зачестеноста на зборови и изрази кои се поврзани со историски настани (парна машина, еманципација или глобално затоплување) или употребата на некој глагол по периоди (на пример дали некој глагол се користел повеќе од 1970-тите отколку во 2000-тите). Или, како во случајов, да се пребаруваат безобразни зборови.

Следниот чекор на истражувачите бил да се види кои зборови кои стојат непосредно пред или по секој од спомнатите 15. Така, меѓу десетте најчести зборови пред или по зборот „секс” се „возраст”, „жени”, „дискриминација”, „привлечност”. Треба да се земе предвид дека споменувањето на зборот „секс” во деветнаесетиот век, иако изгледа доста често, всушност се однесува на „секс” во смисла на англискиот термин за пол. Помодерната употреба на секс-от (во контекст на орален секс, голотија и сл.) навлегува во јазикот во втората половина на 20 век.

Еве неколку од графиконите, а сите резултати со толкувања можете да ги видите ТУКА. Издвојуваме: муабетот за оргазмот се појавува прилично доцна, при што многу често придружен со зборот „лажен”. Хомосексуалноста се поврзува со зборовите абортус, развод и инцест. И најинтересното, зборот „однос” (intercourse) во смисла на сексуален однос се појавува, континуирано и со изедначена зачестеност низ различните периоди, покрај зборот „нации”.

Клик за „зум“.

 

 

 

 

 

 

 

Речник

Најчитани

Сексот во литературата во последните 200 години

На официјалниот сајт на проектот, 200 години секс во англиската литература, се објаснува методологијата според која е вршено истражувањето. Одбрани се 15 зборови поврзани со секс (самиот збор „секс”, еротика, пенис, геј, порнографија и...