/  Off cafe

Силиконски инекции за разубавување – не

Еднаш одамна се разбравме дека подрум и медицина не одат заедно, имавме и едно за една жена што од микроблејдинг на веѓи стигна до инфузија, а и вакви приказни низ свет – колку сакаш. Па ќе си помисли човек, ваљда до сега се научија дека по подруми за лепота не се иде? Не се научија. […]

Еднаш одамна се разбравме дека подрум и медицина не одат заедно, имавме и едно за една жена што од микроблејдинг на веѓи стигна до инфузија, а и вакви приказни низ свет – колку сакаш. Па ќе си помисли човек, ваљда до сега се научија дека по подруми за лепота не се иде?

Не се научија.

Исто како што не се научија каде НЕ ОДАТ осила, глитер и усисивач.

Нејсе. Се појавува застрашувачки број на сведоштва за нелиценцирани боцкачи на секакви супстанци опасни по живот – од индустриски силикон, до масно ткиво од јагниња, со цел жените да се „кардашијанизираат” за евтини пари. Администрацијата за храна и лекови издаде предупредување за безбедност лани, информирајќи ја јавноста за катастрофалните ризици што доаѓаат со инекции со течен силикон.

„Луѓе умираат низ целата земја од ова,” вели еден хирург за липосукција од од Беверли Хилс, Арон Ролинс. Силиконот кој е трајна синтетичка супстанца не е одобрен од АХЛ за козметичка намена, но бидејќи добива зелено светло за одредени начини на употреба во офтамологијата (се користи за сериозни работи, од типот на одвоеност на ретина, на пример), не е нелегален, па веројатно заклучокот на глупите е „е, па ако може во очи да се става, што е проблем да се става и на друго место?” Ролинс вели „не би го пипнал ни со стап. Може да изгледа добро од прва, но со тек на време телото формира ткиво од лузна околу него, па третираната област расте и расте, како што силиконот се проткајува низ твоето ткиво, станува грутчест и цврст и речиси невозможен за отстранување.”

Уште па кога на равенката ќе додадеш нелегален, неискусен боцкач (затоа што тоа доктор сигурно не е), процедурата од ризична, станува смртоносна. Постоеле и некакви „пумпачки забави” по хотели, каде што нелиценцирани доктори што доаѓаат од други земји, инјектираат пациенти со масивни дози силикон. А и во современи и развиени места како Беверли Хилс, каде што ти се чини дека СИТЕ знаат што се филери, луѓето се пумпаат со онакви пиштоли за силикон (за туш кабина лепење!), ви се верува?!

Предупредувачка приказна за пример:

На 22-годишна возраст, манекенка од Лос Анџелес, која за потребите на статијата, Харперс Базар ја нарекува Хедер, оди во Корејатаун за силиконски инекции во задникот. „Имав закажано важна фото-сесија и сакав задникот да ми биде поистакнат,” вели таа.

Шест месеци подоцна, забележува неколку грутки со големина на топче за голф во задникот, што е честа контраиндикација на силиконот. По совет на еден пријател, Хедер отишла на преглед кај Ролинс кој успеал да ги камуфлира тие „брда и долине” што ѝ се случиле, со тоа што ѝ направил липосукција на масно ткиво од рацете и го вбризгал во задникот – а задоволството ја чинело 8000 долари.

Друга, „Медлин”, се уморува од цртање усни секое сабајле па за 50 (ПЕЕСЕТ!) долари оди да ѝ стават силикон во уста, во еден подрум во Квинс. Тогаш имала 26 години, а сега на 40 вели „Мислам дека си ја расипав устата за цел живот.” Големината и формата и варира од ден во ден, често во зависност од времето. „Обично во лето силиконот си океј, но во поладните месеци знае многу често да се движи (!!!) и да се концентрира на еден дел од устата. За да си ја среди насмевката, потребни ѝ се 10.000 долари, а хирурзите не можат ни да ветат тотално опоравување.

Ај да се договориме, како кога бевме мали и ни викаа „кога некој те вика да се качиш во кола – НЕ!”

Кога некој ќе предложи силикон било каде во телото – не.

Речник

Најчитани