/  Off topic  /  Мешано

Славој Жижек: Идеологија на ќенефот

Лесно му е на интелектуалец на тркалезна маса да тврди дека живеееме во пост-идеолошки универзум, но веднаш штом ќе го посети тоалетот после вжештената дебата, тој повторно до колена е во идеологија.

Во традиционалната германска веце шолја, дупката во која гомното исчезнува откако ќе се пушти вода се наоѓа напред за да може гомното прво да биде спружено пред нас и да можеме да го мириснеме и да му бараме траги на некоја болест.

Во класичната француска веце шолја е обратно, дупката е позади за да може гомното да исчезне што е можно побрзо.

Конечно, типичната американска (англо-саксонска) веце шолја претставува синтеза, посредување меѓу двете крајности; шољата е полна со вода па гомното плива во неа, видливо но недостапно за инспекција.

Јасно е дека ниедна од овие верзии не може да се препише само на чисто практични причини; секоја во себе содржи извесна идеолошка перцепција за односот на субјектот кон својот отпад. Хегел беше меѓу првите кои ја забележаа географската тријада на Германија, Франција и Англија во изразувањето на три различни егзистенцијални ставови: рефлективна темелност (Германија), револуционерна избрзаност (Франција) и утилитарен прагматизам (Англија). Во политички термини, оваа тријада може да се чита како германски конзервативизам, француски револуционерен радикализам и англиски либерализам.

Поентата со шолјите е дека тие не само што ни овозможуваат да ја видиме тријадата во најинтимниот сектор туку и да го идентификуваме суштинскиот механизам во трите различни става кон човечкиот вишок: комплексна контемплативна фасцинираност, желба да се ослободиме од несаканиот товар што побрзо и прагматична одлука да го третираме тоа како обичен товар кој треба соодветно да биде отстранет.

Лесно му е на интелектуалец на тркалезна маса да тврди дека живееме во пост-идеолошки универзум, но веднаш штом ќе го посети тоалетот после вжештената дебата, тој повторно до колена е во идеологија.

Славој Жижек, Чумата на фантазиите.

Речник

Најчитани

Славој Жижек: Идеологија на ќенефот

Лесно му е на интелектуалец на тркалезна маса да тврди дека живеееме во пост-идеолошки универзум, но веднаш штом ќе го посети тоалетот после вжештената дебата, тој повторно до колена е во идеологија.