/  Вести  /  Свет

Сноуден остана без долар од сопствената книга

Што за поопширно да ја раскаже сопствената страна на приказната, што за колку толку да извади некоја пара, Сноуден одлучи да објави книга под наслов „Трајно досие“. Како што книгата почна да се продава, шпионски агенции ги побараа парите од книгата за себе.

Логиката на судот е дека државата има право на сите пари заработени од книгата бидејќи со објавувањето на содржините Сноуден го прекршил договорот за доверливост што го потпишал, па заради тоа и пресудува во нивна корист.

Уште во септември кога излегува книгата американските власти поднесуваат тужба во која тврдат дека таа „е прекршување на договорот за доверливост што Сноуден го има потпишано со ЦИА и НСА“ и дека објавувањето на книгата без таа да биде дадена на претходна рецензија во агенциите „е прекршување на неговите обврски“.

Аргументот на адвокатите на Сноуден е дека ако авторот верувал дека владата добронамерно ќе ја рецензира книгата, тој би ја дал за рецензија.

Сноуден порача дека и покрај ова книгата ќе продолжи да се продава и дека судската одлука е само „хак“ за проширување на моќта на владата за цензурирање.

Запрашан (на Твитер) дали може луѓе да ја купат книгата, плус истата сума да му ја донираат на него, Сноуден предложи донациите да се прават на име на семејствата во Хонгконг кои го засолнија во 2013 кога бегаше.

Речник

Најчитани

Сноуден остана без долар од сопствената книга

Што за поопширно да ја раскаже сопствената страна на приказната, што за колку толку да извади некоја пара, Сноуден одлучи да објави книга под наслов „Трајно досие“. Како што книгата почна да се продава,...