Со кого тоа грчкото изборно тело го облагороди европскиот парламент

Бројката на гласачи е дури и мала, со оглед на тоа што тој е единствената личност на планетава кој како што самиот тврди поседува оригинални писма напишани од раката на самиот Исус. „Еве ви бе деца“, вели во промотивното видео, „ако го купите ова и вие ќе бидете такви, единствени“ (кои ќе имаат фотокопија од […]

Бројката на гласачи е дури и мала, со оглед на тоа што тој е единствената личност на планетава кој како што самиот тврди поседува оригинални писма напишани од раката на самиот Исус. „Еве ви бе деца“, вели во промотивното видео, „ако го купите ова и вие ќе бидете такви, единствени“ (кои ќе имаат фотокопија од неразбирлив текст поврзан во спирала).

Од друга страна, бројот е загрижувачки ако се земе предвид дека толку народ гласал за ќелав маж кој без око да му трепне продава третмани ПРОТИВ ќелавост.

И тоа не е сè. Големиот политичар нуди и уникатна паста за заби која можеби не ги има сите добри страни на оние медицински испробаните, но затоа е благословена од монаси кои го надгледувале процесот на нејзино правење.

И ако сето звучи забавно или интересно, престанува да биде такво ако се земе предвид дека Велопулос исто така продава тн. Телопон – лекарство кое во пакет лечи деменција, Алцхајмер и болки во грбот.

Што да се каже после сето ова, освен честитки за новоизбраниот европски парламентарец, кој сега има шанса и да го прошири пазарот за сите овие, но и за голем број други продукти.

Речник

Најчитани

Со кого тоа грчкото изборно тело го облагороди европскиот парламент

Бројката на гласачи е дури и мала, со оглед на тоа што тој е единствената личност на планетава кој како што самиот тврди поседува оригинални писма напишани од раката на самиот Исус. „Еве ви...