Супа од печени домати

Селење! Па има ли нешто помачно и подосадно од тоа? Нема! На почеток си правиш план во глава и си велиш “па добро бе, немам многу ствари”, за на крај кога ќе дојде до чинот да не знаеш каде ти е главата. Ај тоа, него што добиваш запалење на мускули и тоа на мускули што […]

Селење! Па има ли нешто помачно и подосадно од тоа? Нема! На почеток си правиш план во глава и си велиш “па добро бе, немам многу ствари”, за на крај кога ќе дојде до чинот да не знаеш каде ти е главата. Ај тоа, него што добиваш запалење на мускули и тоа на мускули што не си ни свесен дека постојат, е тоа е друга работа. Ќеси црни, ќеси плави, ќеси жолти, кутии… Станав експерт за која ќеса е најдобра. А па од друга страна сфаќаш колку глупости си имал по дома и се ослободуваш од нив по најбрза постапка. Исто така, многу ми се допаѓаат оние моменти кога четворица носите нешто ултра тешко и не смееш да се опуштиш и во истиот момент почнува да те чеша нос, уво, грло и збудалуваш! 

Сума сумарум, сé се заврши во најдобар ред. Мимо тоа, имаше и време за нешто да се зготви. Денес на мени – супа од домати.

Речник

Најчитани