Светски ден на населението: Многу сме

За светски ден на населението првпат стана збор во 1987 година, кога популацијата само што ја надминува бројката од 5 милијарди. 2019-та ја дочекуваме со 2,7 милијарди луѓе повеќе, односно нè има вкупно 7,7 милијарди, Според проекциите, до 2050 ќе бидеме близу 10 милијарди луѓе. Експанзијата на населението е еден од најголемите предизвици на овој […]

За светски ден на населението првпат стана збор во 1987 година, кога популацијата само што ја надминува бројката од 5 милијарди. 2019-та ја дочекуваме со 2,7 милијарди луѓе повеќе, односно нè има вкупно 7,7 милијарди, Според проекциите, до 2050 ќе бидеме близу 10 милијарди луѓе.

Експанзијата на населението е еден од најголемите предизвици на овој век. Фактори има доста но како клучни се сметаат неписменоста и сиромаштијата. Се разбира, голема улога има и намалената смртност односно продолжениот животен век на човештвото. Во периодот меѓу 1800 и 2005 година, очекуваното траење на животот е зголемено од 30 на 67 години. 

Се очекува само Европа и Латинска Америка да ја дочекаат 2100-та а година со помалубројно население. Стариот континент шпицот треба да го постигне за две години, кога ќе брои 748 милиони луѓе (како се мисли после 2021 бројот да паѓа, нејасно).

Кина останува најбројна, но за малку и не за долго. Таа има 1.392.850.000 жители што е 18,2% од вкупното население на светот. Но истовремено, тоа е само 59 милиони луѓе помалку од Индија која брои 1.334.140.000 жители и се очекува многу бргу таа да стане најбројната држава во светот.

Следат САД со 327.454.000 жители. Со повеќе од сто милиони луѓе се Индонезија,. Пакистан, Бразил, Нигерија, Бангладеш, Русија, Јапонија, Мексико, Етиопија и Филипини.

Речник

Најчитани

Светски ден на населението: Многу сме

За светски ден на населението првпат стана збор во 1987 година, кога популацијата само што ја надминува бројката од 5 милијарди. 2019-та ја дочекуваме со 2,7 милијарди луѓе повеќе, односно нè има вкупно 7,7...