Фудбал

Елмас во 90+4′ минута за славје на Наполи

Иако губеа со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, фудбалерите на Наполи предводени од новиот тренер Џенаро Гатузо, стигнаа до три бода. Најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој постигна гол во длабоко судиско продолжение.

Фудбал

Очекуван е коментарот на Елмас, кога свесен е без каков стратег останаа

Низ италијанските медиуми се појавија муабети дека дел од фудбалерите на Наполи плачеле поради заминување на Карло Анчелоти, што е и за очекување кога ќе размислиш дека имаа привилегија да ги води искусен лисец со три освоени титули во ЛШ.

Фудбал

Победа за потврда на заедништвото и залет за Европско 2020

Македонската фудбалска репрезентација првпат во својата историја заврши на 3. место во една квалификациска група. Но далеку поважна е атмосферата во селекцијата, квалитетот и талентот на овие дечки кои дефинитивно имаат потенцијал да отидат на Европско.

Фудбал

Ах што му фати на Елмас голманот на Џенова

Мирољубиви 0:0 во македонскиот дуел на Елмас и Пандев со што Наполитанците ја продолжуваат кризата. Пандев излезе во 80-та минута, а Елмас влезе во 66-та и за влакно не успеа да го извади својот тим од калта во финишот...

Фудбал

Што точно се случува во Наполи и колку е сериозна ситуацијата

И покрај тоа што летово на сите ѕвона најавуваа битка за скудетото со нов, освежен состав, Наполитанците веќе заостануваат сериозно зад директните конкуренти за титулата, а кризата ја продлабочи одлуката за карантин на претседатлот и бојкотот на играчите.

Фудбал

Цела Италија пишува и го величи Елмас

По само 7 кола во Серија А си ја качи цената за 7 милиони евра според Трансфермаркт, но со вакви партии како синоќа против Словенија кој знае каде ќе му биде границата. А да не заборавиме дека неодамна наполни...

Фудбал

И Столе Стоилов е горд на Елмас

Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП....

Фудбал

Одличните партии бајаги го поскапеа Елмас

Ако ние или наполитанските весници на моменти сме пристрасни, тогаш тие кои се најстручни да оценуваат, сигурно не се. Оваа најнова вест дава уште поголема тежина на квалитетите на македонскиот репрезентативец.