Тинејџерски самолет преку континентот

Група од 20 јужноафрикански студенти од различен бекграунд успеале да склопат четворосед од типот Слинг-4 и дел од нив со него да минат вкупно 12.000 километри, прелетувајќи ги Намибија, Етиопија, Занзибар, Танзанија и Уганда. Пилотирала 17 годишна девојка. „Целта ни беше да покажеме дека сè може да се постигне ако добро си го наштимаш паметот,“ […]

Група од 20 јужноафрикански студенти од различен бекграунд успеале да склопат четворосед од типот Слинг-4 и дел од нив со него да минат вкупно 12.000 километри, прелетувајќи ги Намибија, Етиопија, Занзибар, Танзанија и Уганда.

Пилотирала 17 годишна девојка.

„Целта ни беше да покажеме дека сè може да се постигне ако добро си го наштимаш паметот,“ вели еден од иницијаторите на овој проект.

За да се склопи таков авион обично се потребни 3.000 работни часови на професионалци. Тие работата ја завршиле за три недели.

Се разбира, додека биле посветени на склопувањето на авионот и летањето преку континентот, твитер ричовите и фејсбук лајковите на овие тинејџери најверојатно претрпеле страшни падови.

 

Речник

Најчитани

Тинејџерски самолет преку континентот

Група од 20 јужноафрикански студенти од различен бекграунд успеале да склопат четворосед од типот Слинг-4 и дел од нив со него да минат вкупно 12.000 километри, прелетувајќи ги Намибија, Етиопија, Занзибар, Танзанија и Уганда....