/  Offside  /  Фудбал

Топ 8 трансфери во Серија А за кои се очекува разврска

Беше под команда кај Сари во Наполи, па во Челси, ама тешко дека ќе биде и во Јуве. Он сака, ама Сари не сака, па кутриов земал личен тренер за да му докаже дека уште го бива за таму. Инаку се води како член на Јуве кој го прати на едногодишна позајмица во Челси. Посакуваниот […]

Беше под команда кај Сари во Наполи, па во Челси, ама тешко дека ќе биде и во Јуве. Он сака, ама Сари не сака, па кутриов земал личен тренер за да му докаже дека уште го бива за таму. Инаку се води како член на Јуве кој го прати на едногодишна позајмица во Челси.

Посакуваниот штопер на Ајакс е жешка тема со денови и само прашање на време е кога ќе го крене дресот на Јуве. Фалат уште некои разлики во цената кои треба да ги испеглаат двата клуба.

Дечково е шпанска серија за кој ич не сакаме да пишуваме, особено што таа напорната плавуша му е агент. Штом Антониот Конте рекол дека нема потреба од него, тогаш сигурно од следна сезона ќе игра за друг клуб.

За малиот нема ништо конкретно до сега и во моментов се зборува за три опции.

Ќе си одеше преклани, а лани уште повеќе, па ете го сега на медицински во Лацио. 10.000 страници хартија потрошија за неговиот трансфер во едно 10 европски екипи. Ај да видиме од трета мајка.

Де Лаурентис има звучно тренерско име кое е навикнато да игра со звучни играчи. Му беше тренер на Хамес во Баерн, па сега го очекува и во Неапол.

Од новите клинци во Серија А треба допрва да слушате за едно талентирано момче од Каљари за кое се зборува дека Интер ќе искешира 45 милиони евра.

Милан и Рома се во трка по Французинот Жордан Верету.

Речник

Најчитани