Французите се кренаа против напаста наречена улични билборди

Додека во Лил активисти во знак на протест ги прелепуваат уличните билборди со бела хартија, Гренобл на ниво на град почна да заменува стотици билборди со дрвја.

тест за текст

„Ако одиш по улица, како можеш да бидеш среќен ако константно те посетуваат на она што го немаш? Рекламирањето ти го уништува духот, те збунува околу она што навистина ти треба и ти го оттргнува вниманието од вистинските проблеми, како климатската катастрофа,“ изјавува една од активистките од Лил

Иако и до сега Французите имаат прилично активно движење против реклами, она што посебно ги вознемирува во последно време е масовното ширење на дигитални билборди, односно џиновски и не толку џиновски екрани.

Мониторите се доволно сеприсутни за францускиот парламент да разговара околу воведување забрана за поставување мини дигитални билборди над писоарите и тоалетите во јавните објекти.

„Кој не сака да ужива во тој редок момент на спокој?“ стои во амандманот со кој се бара забрана за билбордите.

Во Лил каде се одвива прелепувањето, градските власти веќе ги имаат забрането овие билборди на јавен простор, меѓутоа ова не ја опфаќа железничката станица или јавниот транспорт, каде екраните не престануваат да вртат. Курцшлусот изби кога локалниот орган задолжен за јавен транспорт реши да го зголеми бројот на екрани на околу 160.

„Ваков вид на екран на јавен простор ќе биде инвазивен и нападен, ќе троши премногу енергија, ќе им го одвлекува вниманието на моторџиите и ќе ги направи децата уште позависни од видеа отколку што сега се.

Ова ќе значи наезда на рекламните пораки во урбаниот пејзаж, во време кога ние сакаме да ги ограничиме,“ изјавил заменик градоначалникот на Лил.

Друг пропуст во битката на Лил против билбордите се дуќаните низ градот, кои се водат како приватен простор, па градот не може да регулира што ќе стават на излог, дури тоа да е екран кој 24 часа ќе врти реклами. Контра-аргументот на луѓето што се борат за зачистување на билбордите е дека ако некој стави гол маж во излог, никој нема да каже „а ова е во ред, затоа што тие технички не се соголуваат на јавен простор“.

текс

За градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, билбордите и нивното психичко и ментално влијание врз јавноста се следното нешто за што политичарите треба да се борат да биде забрането. Со ваков став, тој речиси го има исчистено градот од билбордите, а на нивно место засади дрвја.

„Јавниот простор е простор за среќавање па намалувањето на агресијата од рекламирањето е позитивна за секого,“ објаснува градоначалникот.

тест за текст

Минатата година во Париз, заради бирократска постапка во која се чекаше обновувањето на договорот, цели 18 месеци од градските тротоари исчезнаа над 1600 билборди, како што пишува Гардијан „никој не го забележа нивното отсуство, но кога есенва постепено се вратија, голем број граѓани се пожалија на инвазија од реклами“.

Речник

Најчитани

Французите се кренаа против напаста наречена улични билборди

Додека во Лил активисти во знак на протест ги прелепуваат уличните билборди со бела хартија, Гренобл на ниво на град почна да заменува стотици билборди со дрвја.