/  Offside  /  Разно

Закон за забрана на дискриминација поради пуцвал

Меѓу црните американски жени пеглањето на косата отсекогаш бил еден од најпопуларните фризерски третмани. Кој во афро-фризурата гледа премногу „црно“, во иднина ќе биде законски казнуван. 

Сенаторот Кори Букер минатата недела за првпат во историјата предложи закон на федерално ниво за забрана на дискриминација врз основа на косата и фризурата.

„Имплицитни и експлицитни предрасуди во врска со природната коса се длабоко всадени во непишаните правила на работните места и генерално во општеството. Тоа е кршење на основните граѓански права и секојдневно им се случува на црните луѓе во целата земја,“ изјави Букер.

Таканаречениот закон CROWN (Creating a Respectful and Open Workplace for Natural hair) за прпват беше воведен во Калифорнија по што го и преземаа и Њујорк и Њу Џерси.

Неодамнешно истражување на брендот Доув покажа дека црните жени дури за 80% повеќе од белите жени се подготвени да ја променат својата природна фризура за да се прилагодат на општествените норми и очекувањата на работното место. 

Ова прашање медиумски се популаризираше и со примери како оној на актерката Габриел Јунион која тврдеше дека добила отказ како членка на жирито на шоуто на НБЦ „Америка има талент“ поради проценка на продуцентите дека нејзината фризура е „премногу црна“ за шоуто.

Црните Американки отсекогаш покажувале голема адаптивност за да бидат прифатени од општеството. Оттука, во тие заедници секогаш биле популарни козметичките препарати и третмани за рамнење на косата и имитирање на „евроцентричното“ влакно.

До 2017-та година во американската војска беше забрането носење дредлокси за што пишувавме во статијата „Американската војска дозволи суканки“ 

 

Речник

Најчитани

Закон за забрана на дискриминација поради пуцвал

Меѓу црните американски жени пеглањето на косата отсекогаш бил еден од најпопуларните фризерски третмани. Кој во афро-фризурата гледа премногу „црно“, во иднина ќе биде законски казнуван.