/  Off cafe

Зошто Дијана не носеше Шанел

Принцезата Дајана, една од највлијателните икони на стилот на 20-тиот век (којзнае каква ќе беше денес!) често носеше класика брендови, од Џими Чу до Кристијан Диор. Но, еден од тие класични брендови никако не ѝ бил на список, особено после разводот со Чарлс. Како што кажува дизајнерот Џејсон Брaндсон, кој соработувал со нејзе во 1996-та, едноставно […]

Принцезата Дајана, една од највлијателните икони на стилот на 20-тиот век (којзнае каква ќе беше денес!) често носеше класика брендови, од Џими Чу до Кристијан Диор. Но, еден од тие класични брендови никако не ѝ бил на список, особено после разводот со Чарлс.

Како што кажува дизајнерот Џејсон Брaндсон, кој соработувал со нејзе во 1996-та, едноставно не можела да се натера себеси да облече Шанел заради логото. Ви текнува на логото со дупло, латинично Ц?

Брaндсон објаснува дека додека ѝ помагал да се облече за едно патување во Австралија, му кажала дека не може да ги носи штиклите Шанел што ѝ ги предложил.

„Џо Бејли и ја заврши фризурата и мораше да се спреми за посета нa една болница, па рече дека ќе носи крем Версаче костум. Имаше струкирано сако и тесна сукња, и рече, ‘Ама не знам какви додатоци да носам.’”

„Донесе еден куп кондури и ташни, ги фрли на каучот, и праша што мислиме. Јас фатив едни Шанел и реков дека одлично би изгледале со костумот. Дајана рече

Не, не можам да носам врзани букви „С”, такво дупло „С”.

Кога прашав зошто, таа рече,

Тоа значи Camilla и Charles.”

Не значи дека Дајана во живот не ставила Шанел на себе, но во тој момент тајмингот бил лош – ова се случувало после разводот, па секое дупло „С” ја потсетувало на причината за нејзиниот, главно тажен развод.

Инаку, Дајана и Чарлс се разделуваат во 1992-ра, откако таа дознава за аферата со неговата денешна сопруга, Камила Паркер Боулс. Во едно интервју за Бибиси после тоа, една од најпопуларните изјави на Дајана е

„Тројца бевме во бракот, па беше малку гужва.”

Разводот заврши во ’96-та.

Препорака:

YouTube Embed: No video/playlist ID has been supplied

TQQjGXWqIaE]

Речник

Најчитани