/  Off cafe

Зошто некој би изневерил совршена жена?

Ај прво да го поминеме муабетот: „Никој не е совршен” и „За танго треба двајца”. Апсолутно е сè тоа точно, меѓутоа, совршено ви е јасно дека некогаш сме сведоци на ситуации каде што еден од партнерите, ама стварно – прави сè како што треба и сепак – завршува како „жртва” на неверство. Зошто бива така? Па, на пример, […]

Ај прво да го поминеме муабетот: „Никој не е совршен” и „За танго треба двајца”. Апсолутно е сè тоа точно, меѓутоа, совршено ви е јасно дека некогаш сме сведоци на ситуации каде што еден од партнерите, ама стварно – прави сè како што треба и сепак – завршува како „жртва” на неверство.

Зошто бива така?

Па, на пример, заради

Незрелост

Недостатокот на искуство или претходни врски, или неспособноста да се разберат последиците може да доведе одредени мажи (и жени) да бидат неверни. Се проценува дека околу 68 проценти од мажите чувствуваат вина после афера – можеби ова влече корен од неспособноста да се разбере колку всушност може да повреди изневерувањето?

Во вакви ситуации, важно е жената да сфати дека ако сопругот ја изневери поради недостаток на зрелост – тоа е негов проблем, не нејзин. Кога мажот го оправдува изневерувањето, неговата себичност, а не проблемите на жената – ѝ дозволуваат на неговата совест да ги донесе тие одлуки. Гледајте на тоа вака: ако сопругот не е доволно зрел да сфати колку ќе биде штетна неговата афера, веројатно не е ни доволно зрел да ја цени „совршената” сопруга од старт.

Зависност / Проблеми со самоконтрола

И ова може да биде причина – дрога, алкохол и зависност од секс се само некои од болестите што можат да уништат една врска. Зависниците често се мачат да донесат здрави одлуки, а понекогаш дури и ги повредуваат тие што нив ги сакаат за да си ја оправдаат сопствената изолација и постојаната штета што си ја нанесуваат.

Има многу фактори што партнер на зависник треба да ги земе предвид – ако си дел од врска каде што едниот го издржува другиот, издржуваниот зависник слободно може да продолжи по старо, наместо да побара помош. Може и сте мислеле дека му помагате на сопругот со тоа што му ја прикривате зависноста. Колку и да сте во искушение да пружате ваква помош, долгорочно нема никакви позитивни резултати.

Несигурност

Во статијата „Зошто среќните луѓе изневеруваат”, специјалистот за бракови, Арон Андерсон објаснува дека несигурноста кај еден од партнерите води кон потребата за малку тајновитост во врската – однесување што може да доведе до неверство. „На терапија, повеќето партнери што изневеруваат, доаѓаат до момент каде што идентификуваат некој вид незадоволство со самите себе како причина за аферата… Наместо да ги прифатат овие несигурности и да се обидат да ги поправат, ги кријат,” вели Андерсон. Двојките ги советува да се обидат да создадат отворена и јасна комуникација, дури и на непријтни теми за да се обидат да ги обработат неостварените желби на партнерот. Ова може да спречи изневерување, дури и да помогне во сфаќањето зошто партнерот бил неверен воопшто.

Ако мислите дека несигурност го довела вашиот партнер до афера, не значи дека автоматски цел заеднички живот ви бил лажен. Андерсон тврди дека „често се греши околу фактот дека партнерите изневеруваат затоа што се несреќни. Всушност, многу често кога ќе дојдат на терапија, партнерот што изневерил вели дека сè уште го сака другиот.” Ова е тежок концепт за сфаќање, но личната неисполнетост е причина за некои афери, без разлика колку луѓето се сакаат меѓу себе.

Бес или одмазда

Понекогаш, мажите изневеруваат за „да им вратат” на жените, или да решат некоја длабока неправда што мислат дека им е нанесена од страна на партнерката. Во вакви ситуации, сакаат тоа што го направиле, партнерката да го почувствува, и тенденциозно бираат да се однесуваат на начин кој ќе повреди. Иако е природно двојките да имаат несогласувања и проблеми кои се појавуваат со тек на време, некои двојки паѓаат во нездрави навики за расправање. Ова ги оштетува и двајцата партнери, но сепак не е изговор за изневерување. Тешкиот акт на неверство, особено кога сопругот има за цел максимално да ја повреди сопругата со тоа што ќе ја изневери може да биде особено тежок за надминување.

Несреќни се во врската

Финтата е што, дури и ако партнерот бил неверен, не мора да значи дека мисли дека нешто не е во ред со вас. Вие може сте совршени, но тоа не гарантира среќа. Понекогаш, мажите изневеруваат за да стават крај на врската, можеби затоа што се чувствуваат виновни затоа што се несреќни со некој што е прекрасна личност. За жал, некои мажи сметаат дека неверството е единствен начин да се заврши една врска. „Како терапевт, повеќето причини кои мажите ги кажуваат за да оправдаат неверство ми се фасцинантни – затоа што, речиси секоја од овие причини налага дека неверството било единствено логично решение за проблемите во врската и во животот,” вели психологот Роберт Вајс. Вајс додава дека изневерувањето е логичен избор, и нуди многу други начини на кои еден маж може да го комуницира своите чувства, „без минимизирање, рационализирање и оправдување” на однесувањето.

Ботом лајн? Паметно е човек да тргне од себе, и да се запраша дали има некаков удел во непријатната ситуација. Но, според горенаведеното, понекогаш – не е до тебе, стварно е до него. И фино е да се размисли дали се исплати потрагата по совршенство.

Речник

Најчитани